Под истрага две лица кои од малолетник украле Ајфон5

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица поради основано сомнение дека го извршиле кривичното дело – Разбојништво од член 237 став 1 во врска со став 22 од Кривичниот законик.

-Двајцата тетовци на возраст од 22 и 21 година,  на 14 октомври, како соизвршители, со сила и закана употребена врз оштетениот, 17-годишен нивен сограѓанин, одзеле подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат. Откако сторителите го пресретнале оштетениот на улица, го сопреле и  го удирале со тупаници, по што со закана од него одзеле 1000 денари кои ги имал со себе и мобилен телефон марка Ајфон 5- наведуваат во соопштението од ОЈО.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот обвинител му предложи на судијата на претходна постапка од Основниот суд Тетово да определи мерка притвор за осомничените лица.