Почувствувајте ја магијата околу вас

Се зазорува само онаа зора во која сте будни. Убавината на светот околу вас ви е недостапна доколку спиете. 

Или пробајте да се поместите од столчето пред компјутерот, од двоседот пред вашиот телевизор до лежалката на плажа или клупата во парк. Помрднете се. Дајте му шанса на телото да ви покаже што сѐ може. 

Обрнете внимание на црцорењето на птиците, бојата на тревата, мирисите и другите чуда кои се околу вас. Бидете присутни. Движете се и чувствувајте ја природата. 

Вашето тело може да биде извор на големо задоволство и уште едно средство кое ќе го забрза вашиот пат кон магијата, баш како што тоа го прави за мене. 

Не брзајте. Застанете за миг. 

Вдишете. Почувствувајте. Издишете.

Не размислувајте премногу. 

Вдиши. Прифати. Издиши.

Сега тргни. Полека.