09:00 часот, го пиеме нашето прво кафе пред флуоресцентната неонка и го започнуваме денот со ексел табела. Според др. Пол Кели од Оксфорд универзитетот ова  е една од најголемите општествени тортури.

Др. Кели и неговиот истражувачки тим потврдуваат дека раното почнување со работа е лошо за нашето здравје и тело. Тоа е така поради биолошкиот часовник, како и нашите хормони, активноста на мозокот и нивоата на енергија. Според др. Кели, луѓето не можат да го менуваат таквиот ритам. Без оглед на тоа колку и да се трудиме да се навикнеме на раното станување, нашиот црн дроб и срце имаат различен начин на функционирање.

Тоа  е така бидејќи природниот ритам на луѓето се врти околу сонцето, а не бизнис стратегиите. Во 18-тиот век, осумчасовниот ден бил креиран за да се зголеми ефективноста, но сопствениците на фабриките не го земале предвид природниот часовник на луѓето, тие само размислувале за 24/7 распоред во нивните фабрики.

Според др. Кели, живееме во општество во кое на луѓето постојано им се спие. Тој истакнува дека најдобриот работен ден треба да почнува во 10:00 часот.  Дополнува дека компаниите кои ги принудуваат своите вработени да работат  пред 10:00 часот им создаваат многу стрес, а така и негативно влијаат на својата продуктивност. Таквиот стрес на долг рок, придонесува луѓето често да се јавуваат дека се болни, што е лошо за продуктивноста, вели тој. Во САД во текот на една година се трошат околу 40 милијарди за кафе, посочува тој, што е голем индикатор за тоа колку им се спие на луѓето.