Почнуваат градежни работи за проширување на три паркинзи во населбата ,,Даме Груев”

Од понеделник почнуваат градежните работи за проширување на три паркинзи во населбата ,,Даме Груев”.

Со цел непречено одвивање на работата, ги замолуваме сите граѓани да ги отстранат/да не ги паркираат возилата на постоечките паркинзи долж улица ,,Лука Геров” како и кај повеќе наменското спортско игралиште на улица ,,Тиранска” почнувајќи од 17.06.2019 година па се до завршување на градежните работи, секој работен ден од 08:00-16:00 часот.