Почнуваат Деновите на образование и кариера

На Скопски саем, каде што е во тек 29. Саем на книгата, од денеска до 8 април ќе се одржуваат и 20. Денови на образование и кариера – во втората хала.

Како и во минатите години, на Деновите на образование и кариера ќе учествуваат високообразовни установи, домашни и странски факултети, кои ќе ги претстават програмите за студии, информации за стручно усовршување, преквалификации, можностите за вработување и развој на кариерата итн.

Од странските учесници ќе се претстават два универзитета од Словенија – од Марибор и од Нова Горица.

Влезниците се по цена од 30 денари, односно 20 денари за организирани и групни посети. Работното време е од 10 до 20 часот.