Денеска започнува зимското издание на филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“ кое ќе трае два дена.

Денеска и утре, во Кинотеката на Македонија, публиката ќе има можност да погледне филмови чиишто проекции беа дел од третото издание на фестивалот. Зимското издание е прв од четирите филмски настани што се планирани да се случат оваа година во различни периоди – нешто што организаторите го нарекоа „Четири годишни времиња“. За секој настан ќе има посебно известување за содржините.

„Скопје Синема Сити“, преку својата платформа, има за цел да претставува разни музички теми и програми кои истовремено ќе едуцираат и ќе забавуваат.

Цената на билетите 100 денари и може да се купат на билетарницата во Кинотеката на Македонија. Резервациите може да се направат од 16-19 часот на тел: 02 306 5968.

Програма

02.02. (петок)

20.00– Kraftwerk: Pop Art (60 мин)
21.30– Лиса Жерар:Засолниште (Lisa Gerrard: Sanctuary) (90 мин)

03.02. (сабота)

20.00 – Во сеќавање на Лу Рид (Remembering Lou Reed) (60 мин)
21.30 – Дејвид Боуви на БиБиСи (David Bowie at the BBC) (60 мин)