Почнува Викендот на гордоста

Во Скопје вечер почнува Викендот на гордоста што го организираат Коалицијата „МАРГИНИ“ во партнерство со ЛГБТИ Центарот за поддршка со поддршка од „Heinrich Böll Foundation“, ФООМ, Европската унија, холандската Амбасада и „CIVICA Mobilitas“.

Викендот на гордоста ќе биде отворен вечер од 21 часот со перформансот „Акефално чудовиште“ на Рон Ејти.

Во рамки на фестивалот, скопската публика ќе има прилика да проследи перформанси на BOYCHILD, Рејчел Јанг и Марикискрајкрајкра, а постхумно ќе биде промовиран преводот на Огнен Чемерски на книгата „Како да се биде геј” од Дејвид Халперин. Ќе биде отворена и изложба на Дел Лагрејс Волкано, а ќе се одржи и дрег шоу на 12 кралици од Берлин, Белград и Скопје и традиционалното СРАМОТА на ПичПрич.

Носечката идеја зад Викендот на гордоста 2019 е GLITTERING WOUNDS (Светкави рани). Фестивалот ќе се одржува од денес до недела и следниот петок и сабота.

Викендот на гордоста Скопје оваа година се одржува во периодот 7-9 јуни и 14-15 јуни.