Култура
25. July 2016 - 9:21

Почнува снимањето на филмот „Два“ на повеќе локации во Скопје

Снимањето на краткометражниот игран филм со работен наслов „Два“ во режија и по сценарио на Марија Апчевска почнува денеска.

Снимањето ќе се одвива шест дена на повеќе локации во Скопје. Ова е втор краток филм на младата режисерка, која во 2012 година успешно дебитираше со својот филм „Бардо“, кој беше прикажан во Берлин.

Жанровски филмот е coming-of-age драма за една ноќ во животот на две деца и нивниот татко. Улогите ги толкуваат Владимир Тулиев, Димитрија Марковски и Антонија Белазелкоска.

Директор на фотографија е Владимир Самоилвски, сценограф е Кирил Спасески, костимите се на Раде Василев, a шминката е на Горан Игњатовски. За кастингот се погрижи Билјана Драгиќевиќ Пројковска.

Филмот е во продукција на „Квазар филм“ и е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија.