Почнува продажбата на EXIT влезниците – интересот двојно поголем!

До следниот EXIT фестивал и големата прослава на 50 години од славното „Лето на љубовта 1967“ остануваат уште осум месеци, а интересот за влезниците е дури двојно поголем од претходните години!

Веднаш по завршувањето на овогодишното фестивалско издание, во рок од само пет дена, за првите влезници се пријавија дури 20.000 фанови од над 60 земји во светот. Сите пријавени во тој период веќе ги набавија своите билети, и тоа порано од било кога претходно. Во среда на 7-ми декември, точно на пладне, почнува и глобалната продажба на влезниците за EXIT Summer of Love 2017!  Многу ограничен број на влезници ќе биде достапни по првата, промотивна цена од 3.580 денари, што претставува заштеда од дури 60% во однос на полната цена. Од 7-ми декември почнува и продажбата на влезниците за фестивалскиот камп на брегот на Дунав по цена од 1.630 денари.

Влезниците во Македонија ќе бидат достапни преку продажната мрежа на МКтикетс и во Југотон (Скопје, ГТЦ, 1 кат).

EXIT фестивалот ќе се одржи од 6-ти до 9-ти јули 2017 година на Петроварадинската тврдина во Нови Сад и ќе биде во знак на прославата на 50 години од славното „Лето на љубовта 1967“, кога настана револуционерното хипи движење кое засекогаш го промени светот, борејќи се за мир, слобода на говор, човекови права, односно општествена, расна и полова рамноправност. EXIT, како единствен современ музички фестивал кој настана од борбата за општествени промени, на овој начин сака да ја зачува основната идеја од која настанаа и првите големи музички фестивали, уште кон крајот на шеесетите години на минатиот век, како што се Woodstock, Monterey и други, но и да ја пренесе пораката на тогашното движење која на денешниот свет му е потребна повеќе од било кога.

Првите потврдени изведувачи ќе бидат објавени наскоро, а љубителите на фестивалот можат да ги очекуваат некои од најактуелните изведувачи од светската музичка сцена во комбинација со проверени имиња, и тоа од најразлични музички жанрови по што EXIT е воедно познат на светската фестивалска сцена.