Почнува меѓународниот натпревар „ИКС ДЕНС 2019“

Со гала концерт вечерва во Македонскиот народен театар ќе почне меѓународниот натпревар во кореографија „ИКС ДЕНС“ на кој е најавено учество на балетски уметници и танчери од повеќе држави.

Класичниот балет, современиот танц, неокласиката, модерниот и спортскиот танц ќе бидат дел од натпреварот, а ќе настапат уметници од Русија, Англија, Италија, Финска, Израел, Украина, Таџикистан, Босна и Херцеговина и од нашата земја.

На најдобриот учесник ќе му биде доделена награда Гран При, парична награда од 1000 долари и оригинални охридски бисери од семејството Филеви.

Претседател на меѓународното жири е легендата на рускиот балет Борис Акимов од театарот Бољшој од Москва.