Почнува фестивалот ,,Руска зима” во Скопје

Во Скопје ќе се одржи фестивалот на класичен и современ руски филм ,,Руска зима” по повод 25 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Руската Федерација и Република Македонија.

Фестивалот ќе се одржи од 4 до 28 февруари , соопштуваат од Амбасадата на Руската Федерација во Макеоднија. Фестивалот ќе биде отворен со класичното дело ,,Ана Каренина” во режија на Карен Шахназаров.