Почна скопската недела на дизајн во Јавна соба

Вчера под мотото „Ментална хигиена” беше отворено деветтото издание на Скопската Недела на Дизајн во Јавна соба. Влезот за сите посетители на дневна и вечерна програма е слободен.

- Менталната хигиена ја одбравме пред сè како иницијатива со која би го промениле сето она што го навредува дизајнот, а го поддржува сопствениот стил на живот, работа и моментите кои не дефинираат нас. Дизајнот можеме да го сретнеме насекаде, во секојдневниот живот, низ различни форми, пишан збор, фотографија, музика, индустриски дизајн, активизам итн. На нашето општество потребен му е бран на ментална “чистка”, пред се преку потврда на нашата работа овие девет години, изјави Тамара Георгиевска, менаџер на Skopje Design Week.

За прв пат годинава, Скопската Недела на Дизајн нема земја во фокус, но затоа им оддаде почит на сите дизајнери и дизајн сцени од бившите Југословенски просторино и пошироко. Артисан (БиХ), Газда (БиХ), Гир (Србија), Група (Хрватска), Просторија (Хрватска), Занат (БиХ), ПалтформатаYoung Balkan Designers (Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија, Албанија и Македонија), Здружението на дизајнери од лица со посебни потреби „In My Shoes”(Македонија), актуелниот добитник на престижната награда за германски дизајн – Завар Дизајн (Македонија), дизајнерката на внатрешен ентериер Ивана Пешликовска, како идизјнерот на внатрешен ентериер Кирче Стојоски (Македонија) се само дел од учесниците.