Почна рехабилитацијата на дел од локалниот пат Кадино – клучка Автопат А-4 во општина Илинден, како дел од Проектот за подобрување на патната инфраструктура – изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта.

Од општината информираат дека во тек се подготвителни работи во рамките на кои се врши расчистување на теренот и формирање на нови канали за одведување на атмосферските води, како и изградба на цевкасти бетонски пропусти.

– Со рехабилитацијата на овој фреквентен патен правец значително ќе се подобри безбедноста во сообраќајот во овој дел од општината и ќе се овозможи побрза и побезбедна комуникација. Зголемувањето на безбедноста на учесниците во сообраќајот е еден од приоритетите во работењето на општина Илинден, поради што континуирано се инвестира во изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локални улици и патишта, како и во изградба и реконструкција на пешачки и велосипедски патеки – соопштија од Општината.