Почна проектот „Цел Центар на точак“

Општина Центар продолжува со реализацијата на проектот „ Цел Центар на точак“. Трета година по ред,  жителите на Центар можат да се пријават и за секој купен велосипед да добијат субвенција.

Општина Центар за 2016 година издвои 2.800.000,00 денари и како и минатите години, ќе субвенционира 30% од вредноста на секој нов купен велосипед, но најмногу до 3.000 денари.