Почна новогодишното украсување на Скопје

Скопските општини веќе се подготвуваат да создадат што поубав претпразничен амбиент, во пресрет на новогодишните и божикните празници. Општина Центар почна со поставување на украсите, односно вчера работници поставуваа елка во зеленилото во населбата Kапиштец.

Општините Шуто Оризари и Чаир деновиве на страницата на Бирото за јавни набавки распишаа огласи преку кои бараат најповолни понуди за разубавување на општинските улици, парковите и другите јавни површини.

Неколку години наназад повеќе општини ги разубавуваат улиците со елки, светилки и други новогодишни украси и организираат општински новогодишни програми.

Град Скопје ги кити плоштадите и булеварите, а во последниве години во новогодишен амбиент е с` поголема територија од градот.