Почна Меѓународниот младински турнир во фудбал „Скопје Куп 2017“

Над 500 млади фудбалери присуствуваа на свеченото отворање на четвртото издание на Меѓународниот младински турнир во фудбал „Скопје Куп 2017“, кое се одржа вчера на плоштадот „Филип Втори“.

Меѓународниот младински турнир во фудбал „Скопје Куп 2017“ за отворен го прогласи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

– Сакам да го изразам моето задоволство што денеска сме тука на плоштадот ФИЛИП  ВТОРИ, и ние како Град Скопје сме домаќини на околу 500 младинци кои ќе имаме можност да ги гледаме  како ќе ги одмеруваат силите на фудбалските терени  во проектот СКОПЈЕ КУП. Овој проект се реализира  во соработка со Град Скопје и Фудбалската федерација на Македонија . Град Скопје по четврт пат е организатор на  Меѓународениот младински турнир во фудбал СКОПЈЕ КУП 2017 кој се одржува во периодот од 31 јули – 5 август на терените на Ѓорче Петров, Локомотива, Горно Лисиче, Цементарница и на Илинден. Како и досега и во иднина ние ќе продолжиме  да ги поддржуваме проектите во кои се опфатени масовните спортови, особено младите категории, односно манифестациите коишто имаат меѓународна нота, со цел правилна едукација и спортска рекреација. Сакам да се заблагодарам и на сите спонзори кои го поддржуваат овој спортски настан како годинава, така и претходните години- кажа градоначалникот Трајановски.

Годинава турнирот ќе трае од 31 јули до 5 август 2017 година, а  на него ќе  учествуваат  24 екипи со околу 500 учесници, односно фудбалери родени 2000 година  и помлади и 2002 година и помлади.

УЧЕСНИЦИ НА СКОПЈЕ КУП 2017:

 – ФК. ВАРДАР – СКОПЈЕ

– ФК ВОЈВОДИНА – НОВИ САД

– ФК РЕАЛ – НИШ

– ПФК. СЕПТЕМВРИ – СОФИЈА

ФК ДИТ – СОФИЈА

– Ф.К. ПЕЛИСТЕР – БИТОЛА

– НК ОСЈЕК – ОСЈЕК

НК ЦИБАЛИЈА – ВИНКОВЦИ

НК. СЕСВЕТЕ – ЗАГРЕБ

– НШ. БУБА МАРА – ЗАГРЕБ

– АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СТРУМИЦА

ФК. ШКУПИ – СКОПЈЕ

– ФК. ШКЕНДИЈА – ТЕТОВО

ФК. ПОБЕДА – ПРИЛЕП

РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ

Нека победи најдобриот!!!