Почна летото: Ова се новите цени на паркингот во Охрид

Охрид забрзано се подготвува за пречекување на првиот масовен бран туристи кои ќе допатуваат со автомобил - паркирањето веќе поскапе за 10 денари по час согласно летната шема.

Според јавното претпријатие Билјанини Извори во јуни, јули и август цените за користење на паркинг простор во зоните А и Б со кои стопанисува ова претпријатие за физички лица се зголемуваат на 40, односно 30 денари за час.

Измената на цените се изврши според одлука на советот на Општина Охрид врз основа на донесена одлука на управниот одбор на ЈП Билјанини Извори од 2013 година за летен режим на сообраќај во централното градско подрачје.