Почна фестивалот на креативни индустрии „Скопје креатива 2016“

На Спортско рекреативниот центар „Плаја Виста“ почна годинешното издание на Фестивалот на креативни индустрии – „Скопје креатива“ кој ќе трае до сабота.Стремејќи се кон добивање на епитетот и статус на креативен град, Градот Скопје во соработка со претставниците на креативната и уметничката заедница ќе продолжи да ја остварува целта што, а тоа е да се создаваат просторни и организациски услови за работата и дејноста на креативниот сектор.

„Скопје Креатива“ е проект под покровителство на Град Скопје, а во организација на ЈУ Конгресен Центар„ Александар Македонски“ - Скопје и претставува уникатен настан кој позитивно влијае врз развој на културната сцена и на едно место ги обединува креативниот сектор во земјава и регионот, како и бизнис заедницата.

Под мотото „Поврзиме со креативност“ во претстојните три фестивалски денови ќе посетителите ќе имаат можност да ги проследат настапите и искуствата на реномираните гости од Европа - Карл Малмвал, Хајдулф Гернгрос, Полигон Словенија, Ана Лишч, Викториа Новак, Ренета Георгиева ...македонските дизајнери и уметници, Доминиум, Лудус, Нина Нинеска... ФДУ, Архитектонски факултет, Европски факултет, Универзитетот Аристотел од Солун, Американ колеџ, Факултетот за архитектура и технолошки развој од Приштина и др. Исто тка, посетителите ќе можат да учествуваат на настаните од програмата: филмски проекции, видеоперформанси, изложби, презентации, стручни работилници... Оваа година на Скопје Креатива 2016, учество ќе земат дизајнери на 33 поп-ап продавници со свои лични изработки на модни додатоци, накит, филигран и предмети за дома. За прв пат ќе учестуваат 16 домашни излагачи избрани на јавен повик, презентирајќи се со свои лични проекти кои се наменски насочени запазувајќи ја природата на Фестивалот.

Дел од Фестивалот е резервиран и за претставување на проектот ИнфоМлади@Креативни - кои ќе се презентираат во пет различни области: филм, мода, веб апликации, макети и кулинарство. Секако неизбежен дел од забавната програма се и нашите музички гости - групата ТИ (Србија) и Foolish Green (Македонија) со свои концерти, како и музичките сесии на Диџеј Адо и Диџеј Шурбе, задолжени за вечерна забава на фестивалската публика.


За реализацијата на овој фестивал, Градот Скопје, од својот буџет за 2016 година, издвои средства во висина од 2.500.000 денари.

Овој фестивал останува доследен на претходните изданија и ќе биде од отворен карактер.