Почитувајте се себе за и другите да ве почитуваат

Новинарот Марк Ланри го пренесува своето мислење за самопочитувањето и како да го стекнеме и задржиме. 

Кога бев седмо одделение, ја прашав Ронда дали сака да ми биде девојка. Таа беше забавна, самоуверена, популарна. А јас не бев. А мислев дека ако успеам во тоа да ми биде девојка, можеби ќе можам да бидам дел од групата на популарни деца. Се на се, тоа беше ризичен потег. 

Нешто по 14 часот, училишното ѕвонче заѕвони и јас почнав да се подготвувам да си одам дома. Најдобрата другарка на Марџи дотрча до мене и целата беше возбудена. Извика: „Марк! Ронда рече: ДА!“

Очигледно, цело училиште знаело за тоа. Потрчав до автобусот, криејќи се од другарите и бев преплашен дека ќе налетам на Ронда. Таа беше моја прва девојка и поим немав што треба да правам.

Следниот ден Ронда ме повлече на страна и ми рече дека целата работа била шега. Сите се смееле за тоа. Еден бубалица се осмелил да има популарна девојка и поради тоа му е покажано каде му е местото. Тоа е еден од моментите во мојот живот кој цел живот се обидувам да го заборавам.

Таквите работи често се случуваат, дури и за време на средно училиште. Кога веќе стигнав до факултет, бев доволно силен за да го возвратам ударот. Кревав тегови, го променив изгледот, се дружев со популарни луѓе. Ако некој ме навредуваше, почнав да враќам и да се бранам, некогаш и со тупаници. Сите глупости кои ги трпев ги оставив во буцкастиот бубалица.

Се сеќавам дека ја чувствувв сопствената тежина, како да не сум ѓубре. За првпат почувствував самопочитување, но не сфаќам дека некој друг пати. Ми беа потребни луѓе под мене за да се чувствувам  добро. Ако тие не знаеја дека се под мене, јас им го покажував тоа. Сите работи кои мене ми ги правеа, јас им ги правев на другите. Јас ја купував самодовербата со тоа што им ја земав на другите.

Така живеев со години и за тоа добро платив, затоа што не ги разбрав основите на самопочитувањето.

1. Поблиску е отколку што мислите

Ако изгуглате слики со теминот „самопочитување“ ќе добиете 10000 слики на кои пишува нешто од типот на:

„Ако некој не ве почитува, оставете ги.“
„Ако не ме почитуваш, ни јас нема да те почитувам тебе.“
„Заштитата на сопствената личност е поважно од се останато.“

Познавам многу луѓе, вклучувајќи се и себеси тука, кои се обиделе да размислуваат на позитивен начин, кои ја прифатија секоја идеја позната на човештвото и кои и понатаму бараат. Но, ние обично бараме на погрешни места. Финтата за патот кон самодоверба не се наоѓа во обидите да ја пронајдете. Ние веќе ја имаме. Непочитувањето не би имало толкава моќ, тоа не би не нервиало толку, ако веќе немаме чувство дека сите би требало да не третираат со почит. Ние се раѓаме со самопочитување, но нема да се двоумиме да одговориме доколку нас луѓето не не почитуваат.

2. Непочитувањето го јаде самопочитувањето за доручек

Толку е добро да ги удирате луѓето, да ги критикувате, коментирате, да ги спуштате луѓето под вас. Некои луѓе прават смешни работи и наша работа е да им го покажеме местото. Сакаме правда, но обично не сме подготвени да ризикуваме, такашто остануваме на безбедна далечина и мрмориме зборови кои нема ништо да променат и со тоа покажуваме непочитување и кон себе и кон другите. Се е ова поткрепено со фактот дека живееме во општество кое го вреднува непочитувањето, плукаме отрови преку интернет и не ни е многу важно какви се последиците. Нашата музика, нашата телевизија и филмови се огледало на овој начин на однесување. Непочитувањето никогаш не уживало толкаво внимание.

3. Златно правило

Сепак, постои една едноставна задача која секој може да ја направи и која на секој од нас ни дава шанса да го зачуваме нашето самопочитување. Колку повеќе ги ценам другите, толку повеќе се ценам себеси... и обратно. 

Имам неколку пријатели кои зрачат со самодоверба, толку многу што се чувствуваш почитуван кога си во нивно друштво. Нивното достоинство не се поместува лесно. И ништо не постигнав додека не ја усвоив нивната тајна.

Овие луѓе се однесуваат достоинствено и кога се караат, и кога се повредени, навредени и кога се изневерени. Ти се дел од едно мало племе кое верува дека никогаш не е во ред да не почитуваш некој друг.

4. Мајката на сите дркости

Никој не се буди наутро со желбата да биде дрзок, работата е многу покомплицирана од тоа. Дрските луѓе се често оние кои никој не ги почитува: порано им се смееле, исмејувале, ги понижувале. Тие се они коишто се смееле на тоа, кои се однесувале како ништо да не се случило , го поттиснале во себе и на тој начин ќе направат голема штета. Покажете ми дрска личност и јас ќе ви покажам некој кој премногу и пречесто бил понижуван.