Починати двајца пациенти на Инфективна, 44 нови случаи на коронавирус

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Ковид-19 починаа двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар.

Починатиот од Куманово имал дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, додека починатиот од Дебар имал ХОБ (Хронично обструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања, соопштуваат од Министерството за здравство.

Од 392 направени тестови во изминатото дено-ноќие: 262 се направени преку ИЈЗ, 26 преку Ветеринарен факултет, 24 преку лабораторијата Биотек и 80 преку Болницата „Филип Втори“ (Жан Митрев). До сега се направени вкупно 3.518 тестови на КОВИД-19, велат од Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа направени се 392 тестирања, а потврдени 44 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови во Куманово 23, во Скопје 11, во Тетово четворица, Битола тројца, Струга двајца и Прилеп еден. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 329 лице. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

• Скопје- 175

• Дебар – 47

• Куманово – 47

• Штип- 14

• Тетово – 10

• Прилеп – 10

• Струга – 7

• Велес – 6

• Битола – 4

• Охрид – 3