Почина жена на пат кон поликлиниката во Ѓорче Петров

Синоќа, од Поликлиника „Ѓорче Петров“ било пријавено дека кај нив била донесена почината И. Л.(40) од селото Радуша, Скопско.

Според пријавеното, на жената ѝ се слошило додека била дома и на патот кон покликлиниката починала, соопшти МВР.

Лекар од итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.