Почина познатиот скопски бизнисмен Буцо Лазов

Познатиот скопски бизнисмен Владимир Буцо Лазов починал синоќа. Голем број  на негови пријатели на Фејсбук се опростуваат од скопската легенда.

„Уште една скопска легенда замина на оној свет Буцо Лазов идол на повеќе генерации. Почивај во мир“, напиша Александар Ружин.

Лазов беше сопственик на компаниите „Еуролинија“ и „Лазов груп“ за кои во 2014 година беше отворена стечајна постапка. Буцо беше познат по тоа што беше сопственик на завидна колекција на уметнички слики од познати македонски и југословенски сликари кои потоа поради финансиска криза почна да ги распродава. Исто така поседуваше и завиден возен парк, но и колекција на познати марки на часовници и пури.