Почина познатата актерка во Драмски театар Скопје

Пензионираната актерка на Драмски театар Скопје Ангелина Иванова почина вчера на 89-годишна возраст.

Иванова е родена на 21 март 1928 во Крушевац. Завршила трети клас гимназија во 1946 година. Работела на Куклената сцена во Младинско-детскиот театар. Во Драмски театар Скопје работела  до пензионирањето и одиграла повеќе од 80 улоги.

Меѓу нив се: Самовила Добрана (Волшебната гусла, 1954); Самовила Зеленка (Маѓепсникот од Оз, 1954); Елена (Кога бранот бучи, 1960); Вражалка/Дама/ Искуство (Авторбиографија, 1961) Госпоѓа Бамбли (Оливер Твист, 1963); Лај Му (Украдениот принц и Изгубената принцеза, 1963); Мирса (Бегалка, 1965); Госпоѓа Ерблеј (Кројач за дами, 1965); Баба (Дундо Марое, 1966); Марина (Бумеранг, 1969); Втората вештица (Макбет (1969); Шарлота (Оскар, 1970); Селанка (Богунемили, 1971); Костадинка (Свадба, 1972); Урганила (Јас, Клаудиј, 1972); Босица (Хамлет од Долно Гаштани, 1973); Црно срце (Најголемиот подвиг на витезот Сукало, 1974); Госпоѓа Травиќ (Нарачана комедија, 1974); Анѓа Врчек (Полнета птица, 1982)…

Драмски театар Скопје соопшти дека утре, 20 јули, ќе одржи комеморација за  Ангелина Иванова со почеток во 10 часот.