Култура
5. Јануари 2017 - 9:14

Почина писателот Стојмир Симјановски

Во Кичево вчера ненадејно почина писателот Стојмир Симјановски, соопшти Друштвото на писателите на Македонија, каде што Симјановски членувал од 1975 година.

Симјановски е роден во кичевското село Иваничишта во 1937 година. Беше дипломиран филолог, работеше во Дирекцијата за иселеништво на Република Македонија.

– Како раскажувач, романсиер, драмски автор и фељтонист Стојмир Симјановски зад себе остави богат опус од 32 книги. Меѓу позначајните наслови во неговото творештво се романите „Вратата на сонот“, „Двојната Ева“, „Црвени утра“, и збирката раскази „Чесно дрво“. Беше автор и на дела од областа на научната фантастика со кои во македонската литература потполни евидентна празнина. Добитник е на наградата „11 Септември“ на град Кичево, соопшти ДПМ.

Посмртните останки на Симјановски ќе бидат погребани денеска во 12 часот на градските гробишта во Кичево.