Почина младото момче од страшната сообраќајка во скопско

Половина час пред полноќ на 7 месецов, во селото Ржаничино се случи страшна сообраќајна незгода. Возило марка „Ауди 80“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот А.О. од скопско, со предниот десен дел удрило во бетонски столб за телефонска мрежа и во камен ѕид од дворно место.  По незгодата возачот и сопатникот, 20-годишниот С.М. од истото село со возило на Брза помош се пренесени во Ургентен Центар за укажување лекарска помош.

За жал, возачот, Алдин О. од Долно Коњари викендов им подлегна на повредите.

Фото: Телеграф