Почина Македонката која глумеше во секој југословенски филм

Една од најзначајните актерки со македонско потекло, Нада Ѓуровска, почина синоќа во 65-та година од животот.

Таа е родена на 8 јануари 1952 година во Скопје, а во Сараево доаѓа како шестгодишно девојче. Во текот на животот стана сараевска легенда, а во текот на војната играше на сите три сцени на сараевските театри.

 Речиси немаше филм во Босна и Херцеговина во кој таа немаше улога, па така има глумени во над 30 филмови и десетина ТВ серии.

Колегите од цела поранешна Југославија денеска на социјалните мрежи се простуваат со неа.