Почина четиригодишното дете кое го растргнаа кучиња

Четиригодишното дете кое беше растргнато од глутница кучиња пред неколку дена во кичевското село Бачишта починало, објави Канал 5.

Како што дознава телевизијата, и покрај напорите на лекарите да му го спасат животот, четиригодишното момченце денеска починало.

Претходно беше објавено дека тоа е на апарати за дишење.

Детето кое целосно растргнато од нападот на кучињата беше донесено во Ургентниот Центар во Скопје и на кое по четиричасовната операција му беа извадени бубрегот и слезината, а имало и повреди на главата, починало денеска во 13 часот.

Против сопственикот на овчарските кучиња е поднесена кривична пријава.