Почина бебе на скопските клиники

Пред два дена починало бебе на Клиниката за детски болести. Станува збор за предвремено родено бебе, во 29-та гестациска недела, кое по една недела престој на скопската Гинеколошко-акушерска клиника (ГАК), каде што се родило, на инсистирање на родителите, било префрлено на Клиниката за детски болести во Скопје, дознава Република

Таткото на бебето, во пост објавен на фејсбук, објави дека неговото бебе починало, но е револтиран од ГАК, посебно интензивна нега, односно одделот неонатологија. Тој обвинува дека токму на овој оддел неговото бебе се заразило со опасната болничка бактерија клабсиела.

Професор Аспазија Софијанова од цело срце ти благорам, благодарам и на целиот тим на педијатрија, бескрајно ви благодарам за се што сторивте за нас! Гинеколошко акушерска клиника, интензивна нега (неонатологија), ако немате плати одете си, ако немате услови затворете! Гнаси едни гнасосани знаете дека ширите клабсиела (најгадната болничка бактерија) преку не стерилни инструменти и катетри и ќутите!? Па у штала со кози да се породеше жена ми детето немаше ова да го добие! Цевки и апарати од сите страни има малата бре копилиња, криевте за гзоите да ги извадите, демек толку било пишано, а!?, пишува Рале Мизрахи на фејсбук.

Мизрахи во постот потенцира дека децата не се лабораториски глувци.

Сега сите штама нели? каде се сега #правдаза, каде е сега #министер смрт? каде се новинарите од клиника да кажат што се случува!? Немој некој паметен да ми каже само ама у времето на вмро ќе му скинам глава. Па вмро не се на власт 2 или 3 години! ич к не ме заболе што ви оставиле, вие сте власт затоа сте таму, средете го ова!, вели Мизрахи.

Од ГАК велат дека не коменираат постови објавени на социјалните мрежи.