Почина актерот Славко Нинов

По кратко и тешко боледување на 74 годишна возраст почина актерот Славко Нинов.


Публиката ќе го памети по неговите незаменливи интерпретирања на стиховите на познатите македонски автори Петре М. Андреевски, Гане Тодоровски, Анте Поповски, Кочо Рацин, Блаже Конески… како и Крсте Петков Мисирков, чие дело „За Македонцките работи“ го ширеше низ секој град на Македонија.