Почина 19 годишната девојка повредена во автобуската несреќа кај Ласкарци

По речиси 40 дена борба за живот, денеска на КАРИЛ почина 19 годишната девојка на која претходно и беше ампутирана ногата по тешката сообраќајна несреќа што се случи кај селото Ласкарци на 13 февруари годинава. Според првичните информации кои за 1ТВ ги потврдија од КАРИЛ девојката починала поради повеќето тешки повреди на четири системи на коските, мускулите, карлицата и стомакот.

Минатата недела Обвинителството објави дека причина за несреќата е големата брзина, но и делумната неисправност на сопирачките.

Пред несреќата, возачот возел 99 километри на час, иако било дозволено  80. Во автобусот бил инсталиран посебен уред  за манипулација на технографот, кој ја мери брзината на движење. Кога ја пречекорил дозволената брзина, возачот го вклучил овој уред. Осомничени се сопственикот на „Дурмо турс“, раководителот на фирмата, возачот на автобусот и лица кои дале одобрение за техничката исправност на автобусот и кои се вработени во друга фирма која исто така е во сопственост на газдата на „Дурмо Турс“.

Судот им одреди притвор на сопственикот и на раководителот на Дурмо Турс и на возачот на автобусот. За уште три лица се прифатени мерки за претпазливост.

Несреќата се случи на 13 февруари кога автобусот на „Дурмо турс“ со 51 патник излета од патот Тетово-Скопје и падна во провалија откако ја проби заштитната ограда на автопатот. Загинаа 16 луѓе.

cheap nike air max 90