ПОЦ: Ќе се постави нова опрема на јавното паркиралиште „Трготекстил“

ЈП Паркинзи на Општина Центар ги известува корисниците на јавното паркиралиште „Трготекстил“  дека од 01.03.2019 година (петок) ќе се постави нова опрема на терминалот од страната на улица Димитрија Чуповски.

Со новата организација на паркиралиштето, сите корисници ќе имаат прстап само за влез на новиот терминал, додека за излез ќе го користат терминалот од страната на булеварот Мито Хаџивасилев Јасмин.