Победете ја депресијата по природен пат

Депресијата не е нешто за што луѓето сакаат да зборуваат, а во последно време и тешко се надминува. Доколку сте во депресија, следните начини ќе ви помогнат полесно да се изборите со неа.

1. Вежбајте

Иако можеби некогаш нема да сакате да станете од кревет, а не да вежбате, физичката активност е еден од најдобрите начини да се размрдате и да се ослободите од стресот, лутината, а и килограмите. Потрудете се во текот на денот на направите барем некоја вежба.

2. Јадете редовно и здраво

Тешко е да се јаде здрава храна во тешки моменти, особено поради тоа што тогаш посегнуваме кон „храната за утеха“. Меѓутоа, редовните и здрави оброци како што се протеините, здравите масти, овошјето и зеленчукот, го снабдуваат нашиот мозок со природни супстанции кои се добри во борбата против депресија. Храната самата по себе може да биде лек, особено ако е здрава и ако ја комбинирате со вежбање.

3. Водете дневник

Кога сте во депресија, не ви е до ништо, а посебно не до разговор за тоа како се чувствувате. Некој не може во потполност да ве разбере, а понекогаш ниту вие не можете да објасните точно како се чувствувате. Обидете се да ги ставите на хартија своите мисли и чувства, и така да сфатите што всушност се случува и како да се изборите со тоа.

4. Рибино масло

Омега 3 масните киселини кои се наоѓаат во рибиното масло се покажаа како добри во борбата против депресијата. Таблетите кои содржат рибино масло се поврзани и со превенција од дијабетес и срцеви заболувања, како и со подобрување на метаболизмот и расположението.

5. Избегнувајте шеќер и преработени јаглени хидрати

Шеќерот и јагленохидратите се лоши не само за депресијата, бидејќи влијаат на хормоните и расположението, туку и за вашите килограми и кожата. Кога од исхраната ќе го отфрлите шеќерот и јаглените хидрати, телото и умот ќе ви бидат благодарни.

6. Не се повлекувајте во себе

Кога сте во депресија, немате желба да бидете во друштво и сакате да бидете сами. Меѓутоа, самотијата само ја зголемува депресијата. Поминувањето на времето со некого може да ви помогне подобро да се чувствувате.

Депресијата е сериозна здравствена состојба. Доколку забележите знаци на депресија кои траат подолго од две седмици, обидете се да примените некои од наведените совети.