Победете го умот: Лошиот ден е само лош ден, тој не значи дека имате лош живот

Научете да ги препознаете „крадците˝ на вашата среќа. Тоа се навики кои не ви помагаат. Често не ги забележувате, но ви предизвикуваат стрес постојано.

Фокусот на туѓите приказни, а не својата

Немојте да навлегувате премногу во туѓите приказни и да се споредувате со другите луѓе. Тоа што го гледате често не е така вистински. Наместо тоа, откријте ја својата приказна и оживејте ја. Имате многу работи кои ви се потребни за да бидете среќни. Зошто ѕиркате во животите на другите луѓе? Ако сакате вистинска среќа, намалете го времето кое го минувате размислувајќи за другите и фокусирајте се на себе.

Чекањето на совршениот момент

Не постои совршен момент. Чекањето само ве одалечува од целта и од можноста да бидете посреќни. Моментите не се совршени, тие се такви какви што ќе ги направите. Толку многу луѓе чекаат да им се поклопат ѕвездите и потоа животот им поминува и не направиле ништо. Не постои совршен момент, совршена прилика, совршена ситуација. Тоа е само мит.

Насобирање бес во себе

Постојат луѓе кои само го собираат бесот и постојано насобираат омраза и желба за одмазда кон другите луѓе. Тоа ја одзема контролата над нивниот живот, но и ги одалечува од позитивните мисли и ситуации во нивниот живот. Не го правете тоа. Постојат милион мисли кои можете да ги имате, фокусирајте се само на позитивните.

Постојана грижа за проблемите

Постојаното анализирање и страв дека ќе се случи нешто лошо е голем крадец на среќата. Треба да знаеме дека најголем дел од работите за коишто се грижиме, не се ни случуваат. Тогаш, зошто толку време губиме плашејќи се дека нешто ќе се случи и правејќи сценарија во нашата глава? Кога ќе погледнете наназад, ќе забележите дека годините поминале, а вие само сте се грижеле дека нешто може да се случи.

Задржување на тешкотиите

Лошиот ден е само лош ден. Не дозволувајте тој да се претвори во лоша недела или месец. Лоши денови имало, има и ќе има, но не треба да мислите дека вашиот живот е лош ако тие се случат. Забележите ги препреките, сменете ги доколку можете или прилагодете се доколку не можете. Секој ден нови нови лекции и можности.

Постојана потрага за материјални задоволства

Материјалните задоволства се добри, но тие не траат долго. Сакаме нешто, ќе го добиеме, а потоа сакаме нешто друго.  И така во круг. Се навикнуваме на тоа дека среќата ни доаѓа од материјалните работи и постојано сакаме повеќе, но не мора да биде така. Долготрајното задоволство доаѓа од убавите моменти и спомени кои ги градиме со другите луѓе.

Задржување на токсичните луѓе

Понекогаш треба да се одалечите од токсичните луѓе, не затоа што не ви е грижа за нив, туку затоа што ви е грижа за себе. Кога некој постојано ви нанесува болка и не ве цени, тогаш на таа личност не и значите воопшто. Не треба да биде толку тешко да се разбере.