Победете ги нападите на паника

Забрзано чукање на срцето, потешкотии во дишењето, гутка во градите или грлото…така изгледа еден напад на паника. Причините за оваа непријатна природа се психички, токму затоа треба да се делува врз менталниот склоп на поединецот кој ги има нападите. Еве неколку начини

Превземете контрола

Ако побегнеш од местото на кое те уловил нападот на паника, во твојот мозок тоа место, на пример училиштето, автобуската и слично, ќе биде забележано како “опасно подрачје”. Кога ќе те изненади нападот на паника важно е да пробаш да се смириш и да си повторуваш дека не постои никаква опасност и дека тоа е само во твојата глава.

Отргни го вниманието

Доколку не успеваш да се смириш , пробајте самите себе да го отргнете вниманието. Загледајте се во насловот на некој билборд , пробајте да ги изброите сите луѓе кои се облечени во црвено или во себе пејте ја својата омилена песна. Познато е дека не може да се мисли на две работи истовремено.

Правилно дишете

Луѓето кои имаат проблеми со паниката за време на нападот неправилно дишат. Тоа често доведува до чувство на недостаток на воздух. Дишете длабоко и правилно и пробајте да се смирите. Вдишете низ носот и издишете низ устата, а притоа бројте ги вдишувањата за да си го отргнете вниманието.

Вежбајте

Доколку имате проблеми со чести нападе, вежбајте ги овие чекори. Замислете се во ситуација во која често паничите и вежбајте ја техниката за смирување.