По тешката сообраќајка дизајнерот Златко Јовановски раскажува: Ми останаа двете раце и очите за да можам да работам

Дека животот е крива линија во која има подеми и падови, победи и порази говори приказната на младиот дизајнер Златко Јовановски. Дека животот е непревидлив и постојано носи предизивици со кои мораме да се бориме раскажува неговата животна приказна.

Тој пред три дена беше прогласен за најуспешен дизајнер на Саемот за венчавки, денес преживеа тешка сообраќајна незгода. Неколку часови по неа своето искуство го раскажа преку фејсбук.

Драги мои, после успешната работа направив сообраќајна незгода на автопат. Излетав. Од колата нема ништо. На мене се многу инфузии, преврски, завои и слично. Останаа и моите две раце за да можам да работа, моите две очи за да можат да дизајнирам, моите две нози да сум висок и виток и сите прсти за да шијам - напиша денес на фејсбук.

Понатаму во статусот им се заблагодари на добрите луѓе кои го извадиле од возилото кое излетало од патот и го однеле во болница.

Само нека ги прати среќа, бидејќи да не беа тие немаше да ви се обратам, додава тој.

На крајот вели дека треба да се пазиме и чуваме. Најмногу поради луѓето на кои им значиме во животот и кои во такви моменти се секогаш скршени од болка.

Да си го простам ова, можеби никогаш не ќе можам, но ќе се потрудам да сум подобар човек и да се горди на мене, завршува тој во своето обраќање преку фејсбук.