По шест месеци затвор за напад на полицајци

Двјаца скопјани за напад на службено лице во вршење на службено дејствие во Основниот суд во Велес се осудени на затворски казни во траење од по шест месеци.

Покрај затворските казни З. З.и Ф.А. судот ги задолжил да ги платата и судските трошоци на постапката како и судските трошоци на прегазениот полицаец.

Делото за кое што се осудиени двајцата скопјани го извршиле на 26 јуни во 2016 година околу 18:00 часот, на автопатот во близина на Велес кога двајцата полицаци се обиделе да го сопрат автомобилите со кој тие превезувале мигранти од Гевгелија кон Скопје. Кога на дадениот занк на возачите да ги сопрат автомобилите Мерцедес и Ауди со швајцарски регистарски таблички, не застанале на знак стоп, полицајците Г. Д. и Л.М. ја известиле и дежурната служба на СВР Велес, при што била направена полициска заседа со цел да ги пресретнат и сопрат споменатите две возила.

Кога се доближиле двата автомобила, мерцедесот на дадениот знак стоп застанал, а веднаш по него пристигнало и аудито управувано од обвинетиот З.З. со совозач обвинетиот Ф.А. на кои исто така им бил даден знак стоп.

Но, обвинетите наместо да застанат ја зголемиле брзината и со предното десно тркало од возилото го прегазиле десното стапало на полицаецот И. Т., кој паднал на земја и тешко го повредил, а потоа обвинетите возилото го завртиле на другата страна од патот каде се наоѓал полицаецот Г. Д. кој во тој момент враќајќи се наназад за да избегне удар од возилото, паднал на коловозот.

Тој при падот од службеното оружје-автоматска пушка испукал неколку куршуми предупредувачки во воздух со тоа што еден од испуканите проектили го пробил капакот од багажникот го пробил потпирачот од задното седиште и го погодил во левата рака обвинетиот Ф.А., кој заедно со обвинетиот З.З. се дале во бегство,но подоцна биле уапсени и против нив била поднесена кривична пријава.