По секој пороен дожд иста мака (фото)

Дождот кој наврна синоќа повторно на некои места создаде проблем. Односно според читателите на „Ѕид на сообраќајниот срам“ во наслебата Бутел во Скопје се формирал голем вир поради што се отежнува сообраќањето на возилата.

Револтираните граѓани кои ја видоа сликата поставена на „ѕидот“ велат дека секоја година се сведоци на оваа слика, со секој дожд на истите места „езерца“ и никако да се реши.