По седум години пауза - кружна авто трка во Скопје

Вљубениците во авто-спортот повторно ќе може да уживаат во Скопје, во организација на АКК Примо Авј-Скопје и со поддршка на Агенцијата за спорт и млади, после 7 години успеавме се враќата кружната авто трка во главниот град на Македонија.

-На 21 и 22 овој месец ќе се организира кружната авто трка во Скопје, на старата позната патека, на булеварот од Македонска телевизија до Скопски саем, изјави еден од организаторите.

Тој кажа дека интересот е огромен, како кај публиката така и кај возачите, како што тој вели поради тоа што имало застој од 6-7 години, допринесено е народот да е гладен за автоспортот во Скопје.

-Учество ќе земат повеќе македонски возачи и странски возачи од повеќе балкански држави. Така да, имаме убав викенд пред нас и јас би ја поканил скопската публика да не го испушти овој спектакл што ќе се организира на 21 и 22 октомври, изјави еден од органозаторите.

Натпреварувачите ќе возат по традиционалната скопска патека пред зградата на Македонската телевизија на булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Беласица“ пред влезот во Скопски саем. Патеката ја задржува стандардната должина од 2.050 метри.

Тренинзите и квалификациите ќе се одржат во сабота, на 20 октомври, а трките во недела 21 октомври. Двата дена настанот започнува од 12 часот. Во зависност од бројот на учесници, организаторот очекува дека ќе има три дивизии, односно три трки.