Храна
10. Јануари 2017 - 15:11

По рецептот на баба: Направете домашен крцкав ѓеврек (ВИДЕО)

СОСТОЈКИ:

  • 500-600 гр брашно
  • 300 мл млака вода
  • малку масло
  • 30 гр квасец
  • 5 лажици шеќер
  • сусам

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Квасецот растворете го во вода, додајте шеќер и кога ќе се раствори додајте брашно. Замесете средно тврдо тесто. Кога ќе биде глатко покријте го да одмори 30 минути.

Растегнете го тестото на дебелина од 1,5 см и вадете поголеми погачици, а потоа од нив со чаша вадете помали. Така добивате исечени ѓевреци. Прекријте со фолија.

Во тенџере ставете шеќер и карамелизирајте го па додајте 1 л вода. Кога ќе зоврие спуштајте ги ѓевреците и гответе ги околу 2 минути.

Вадете ги на крпа на која сте ставиле сусам. Посипете ги со сусам, а потоа наредете ги во плех на кој сте ставиле хартија за печење.

Рерната вклучете ја на 200 степени и печете околу 30 минути.