По повод празникот Петровден свечена литургија се одржа во Ѓорче Петров

Свечена архиерејска литургија изутрината се одржа во храмот „Св. Петар и Павле“ во општина Ѓорче Петров по повод празникот на светите апостоли Петар и Павле – Петровден.

Со литургијата чиноначелствува неговото блаженство архиепископот охридско македонски г.г. Стефан и свештеници од матичниот храм и скопската епархија.

На свечената литургуија, како што информираат од општина Ѓорче Петров, присуствуваа голем број верници од општината и од сите краеви на градот Скопје, како и градоначалникот на општината Сокол Митровски, членови на општинскиот Совет и голем број  претставници на стопанските субјекти од општината и пошироко.

Светите апостоли Петар и Павле се од огромно значење за христијанството како основоположинците на Светата црква и на 12 јули Македонската православна црква го прославува споменот во нивна чест.