По повод 13 Ноември, делегација од Општина Аеродром положи цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Град Скопје

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, секретарот Пламенка Бојчева, и претседателката на Советот, Ивана Цветковска, присуствуваа на свеченото одбележување на 74 години од ослободувањето на Скопје од фашистичкиот окупатор.

По повод 13 Ноември, делегација од Општина Аеродром положи цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Град Скопје.