По пасошите и личните карти, граѓаните имаат проблеми и со вадење на изводи

Вистински хаос владее во Управата за водење на матични книги во центарот на Скопје.

Револтирани граѓани до екипата на КУРИР испратија фотографии од безредието кое владее денеска во оваа институција под контрола на Министерството за правда.

Имено поради реновирање на објектот во моментов работи само еден шалтер кој се наоѓа во ходникот на кој чекаат безброј граѓани за упис на новороденчиња, склучување на брак и издавање на извод од матична книга на венчани, склучување на брак со странски државјани, извод од матична книга на родени/умрени, признавање на татковство, како и издавање на уверение за слободна брачна состојба.

Граѓаните прашуваат и како е можно за десет услуги кои ги нуди оваа институција да работи само еден шалтер и да се парализира целата институција?