Симона Угриновска е нов в.д. директор на Македонскиот народен театар, а на оваа позиција доаѓа по оставката на Драган Спасов -Дац која беше прифатена од Министерот Алаѓозовски.

Угриновска досега во МНТ работела како организатор и продуцент.

Според министерот Роберт Алаѓозовски Угриновска ќе ја врши функцијата во наредниот период се до распишувањето на конкурсот и избор за нов директор.

“Бидејќи не смее да се остави правен вакум, назначен е нов вршител на должноста и согласно законот за културата тој е од редот на вработените. Согласно новите закони за култура и државна администрација, процедурата може да трае еден до два месеци”, истакна Алаѓозовски.