По неколкуте мали не се исклучува можноста да има поголем земјотрес во Македонија?!

Првична изјава за јачина од 3,7 степени, но подоцна од Сеизмолошката опсерваторија објавија дека бил со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала е шестиот по ред земјотрес во последните два дена.

Според Михаил Гаревски, првиот човек на Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија(ИЗИИС) не може да се знае што понатаму ќе следи, дали ќе се смири земјиното тло или пак ќе има уште неколку нови потреси.

“Слушнав дека имало потреси во Охрид. И ова е најсилен  потрес до сега во овој регион. Но, јас не сум во земјава, потенцирам, не сум тука за да можам да видам што се случува и да кажам што би можеле да очекуваме. Ова е сигурно сега е некоја релаксација на земјиното тло. Според мене може да следат еден, два помали земјотреси, па да се смири тлото, но може да има и еден поголем“, објаснува Гаревски.

Епицентарот на последниот земјотрес беше на 5 километри северо-западно од Ресен на длабочина од 10 километри.

Во 1 часот и 2 минути по полноќ беше почувствуван земјотрес во Охрид, Струга и Ресен со интензитет од 3,3 степени според Европската Макросеизмичка Скала, по кој следуваа уште два со јачина од 2,4 и 2,7 степени.