По инцидентот, лекарите од ГОБ „8 Септември“ излегоа на протест

Лекарите од Градската општа болница „8 Септември“ денеска протестираа пред болницата за да изразат револт од инцидентот кој се случи во петокот кога роднини и пријатели на лице кое почина го демолираа Ургентниот центар на таа јавна здравствена установа.

Директорот на ГОБ „8 Септември“, Сашо Стојчев, кој го поддржа протестот, изјави дека бараат да се почитува белиот мантил.

– Не може секој да им се заканува на лекарите и да ги навредува. Ова станува неиздржливо. Од ден на ден е се полошо, рече Стојчев.

Фото: Плусинфо