По цели 60 години брак, за овој скопјанец најлош збор е неверство (видео)

Неверството во бракот е една од најголемите причини за посета на судот. Паралелната врска носи дополнителни проблеми, на овој начин не го решавате незадоволството во бракот, за Канал5 објаснува психологот Мирјана Јованоска. Голем тренд кај брачните двојки е кога не можат да го решат проблемот да заминат кај психолог, па пред него да си ги кажат маките.

Неверството е нешто што не може да се прости, но не мора да се случи.

По цели 60 години брак, за овој скопјанец  најлош збор е неверство.

Минатата година потпис за прекинување на бракот ставиле околу 2000 брачни двојки. Најмногу разводи имало во декември, во новата година сакале нов почеток. Најголема криза е првата деценија од бракот, вели статистиката. Но, за психолозите најголема причина е што сите забораваат на крајот од денот да поразговараат и да се прегрнат.

Видео: Канал5