Во делот на капиталните проекти планирани во буџетот на Министерството за култура за 2018 година, кој беше претставен на прес-конференција во Владата на РМ, обезбедени се 10 милиони денари за изградба на спомен-обележје на Тоше Проески. Претходно, повеќе граѓански здруженија и фанови реагираа за состојбата во која се наоѓа гробот на трагично починатата ѕвезда.

Никогаш непрежалениот Тоше, сè уште почива во импровизирана гробница на Гумење во Крушево. Тука со години не е ништо сменето, само се крпат и прекриваат недостатоците. Импровизираната гробница на Тоше е покриена со тепих од вештачка трева во кој е забоден дрвениот крст со неговото име, датум на раѓање и смртта. Гробницата е поплочена со бекатон-плочи, кои пропаѓаат и тонат, а импровизираната метална к Ваква слика на гробот на македонската ѕвезда затекнуваат сите посетители што доаѓаат да му оддадат почит, а со вештачката трева и кадифени срца се крпат недостатоците, иако целото место е во распаѓање. Луѓето што се задолжени за гробот и кои го обезбедуваат од 2007 година откриле дека само се маскираат недостатоците, а всушност гробното место целосно тонело. Паѓале страничните бекатон-плочи и попуштала покривната конструкција.

Поп-ѕвездата загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај местото Градишка, во Хрватска. Сообраќајната несреќа се случи во 6 часот изутрина кога Тоше заедно со тогашната менаџерка Лилјана Петровиќ и неговиот возач патуваа кон Загреб каде што поп-ѕвездата требаше да гостува во шоуто на Зухра.