„Плоштад на хероите“ во режија на Мирјана Медојевиќ во Драмски театар

 Драмски театар Скопје ги почна подготовките за премиера на претставата „Плоштад на хероите“ од австрискиот автор Томас Бернхард, во режија на Мирјана Медојевиќ од Љубљана.  Пиесата, напишана и изведена во 1988 година во Виена, е трагична рефлексија на опсесивната политика на национализам, одрекување на минатото и растечкиот антисемитизам.

Мирјана Медојевиќ живее и работи во Љубљана. Дипломирала режија на Факултетот за драмски уметности во Цетиње, а магистрирала во класата на проф. Томи Јанежич на Академијата за театар, радио и телевизија (АГРФТ) во Љубљана. По дипломирањето соработува со режисерите Јанежич и Јернеј Лоренциј, како асистент на режија и драматург.

Претставата „Злосторство и казна“ од Достоевски во нејзина режија е прогласена за најдобра во театарската сезона 2016/2017 на Меѓународниот театарски фестивал „Borštnikovo srečanje“, по избор на Друштвото на критичарите и театролозите на Словенија. Медојевиќ е добитник е и на наградата за најдобар драмски текст за пиесата „Син“ на фестивалот „Денови на Јурислав Корениќ“ во Сараево.