Плинска боца направи пожар во Тафталиџе

Малечка плинска боца била причината за избивање на пожар во скопско Тафталиџе. Сопствениците не забележале дека вентилот не е до крај затворен и дека боцата испушта гас, па искра од запалка предизвикала пожар во објектот во кој се наоѓале. 

Утринава делумно изгоре кујнскиот инвертар на скопско семејство кое живее на улицата Иво Лола Рибар во Скопје. За пожарот виновна е мала плинска боца, дознава. Од скопската противпожарна единица велат дека боцата не била правилно зацврстена за плинскиот уред. Газдите на време не почувствувале дека таа испушта гас, па кога со запалка предизвикале искра, пламнал пожар. Во паника  ја фрлиле боцата, но за среќа навреме ги алармирале пожарникарите. Кога тие пристигнале успеале да го запрат дотокот на гас и ја пренеле неисправната плинска боца на безбедна локација.