Плажата во Долно Дупени, или “Морска плажа” голема атракција оваа лето за Македонците

Плажата „Дупени Бич“ во Долно Дупени на Преспанското Езеро е вистински хит ова лето. Ситниот песок и пространата плажа ги привлекуваат туристите.

Од година во година се поголем број туристи се решаваат да заминат на одмор во Преспа. Пониските цени, прекрасните плажи и опуштената атмосфера се причина за тоа.

На најдолгата песочна плажа во Македонија, Дупени Бич и овој викенд беше полно со туристи.

Оваа плажа во Долно Дупени е, која поради нејзиното име ја нарекуваат и плажа на вљубените, и официјално прогласена за најубава плажа на Преспанското Езеро.